Ципрас: Нашите држави повеќе не се противници

109
Фото: Игор Бансколиев

Поранешниот грчки премиер, Алексис Ципрас, порача дека Северна Македонија е кредибилен партнер на Европската Унија и затоа треба да ѝ биде овозможено да ги почне пристапните преговори во октомври.

Ципрас во рамки на конференцијата Самит на Западен Балкан – „Зацврстување на моментумот за Европска интеграција“ што се одржува денеска во Скопје, говореше за Преспанскиот договор, оценувајќи дека со него се потврдува и амбицијата на ЕУ да воспостави мир и стабилност во овој регион.

Ципрас рече дека во моментот кога бил потпишан договорот сите почувствувале дека ја градат историјата. Сите занаеме дека најважниот чекор веќе е преземен бидејќи нашите држави повеќе не се противници, подвлече Ципрас и додаде дека набргу и двете страни ќе ги видат придобивките од овој договор и ќе ја градат довербата.

Според поранешниот грчки премиер, договорот ги симболизира победата на дипломатијата и на соработката врз национализмот и интровертноста.