Холандија го ратификува протоколот за НАТО

143

Холандскиот сенат попладнево го ратификуваше протоколот за пристапување нa Македонија во НАТО, соопшти министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Со тоа, останува протоколот да го ратификуваат уште Франција и Шпанија.

По нив и нашата земја ќе треба да го ратификува протоколот, со што ќе се заокружи процесот и земјава ќе стане 30-та членка на Алијансата.