Франција и Холандија не попуштаат за датум за преговори

291

Шефовите на европските дипломатии денеска на министерскиот состанок во Луксембург си даваат „последна шанса“ да дојдат до компромис за старт на преговори со Македонија, информираат извори присутни на состанокот за МИА.

Франција и Холандија, како што јави известувачот на МИА од Луксембург, остануваат тврди и не попуштаат за датум за преговори.

Германскиот министер за Европа, Михаил Рот гневен го напушти состанокот нарекувајќи ги дискусиите за Македонија „разочарувачки“.

Чешкиот државниот секретар за европски прашања Алеш Хмелар , кој мораше да напушти состанокот за да фати авион, порача дека останува да се види дали на Самит ќе се отвори темата.

Но, по неговото заминување министрите си дадоа уште една шанса да пробаат да се договорат за преговори за Македонија. Останатите земји членки се решени да ги убедат Париз и Хаг, но прашање е колку е можно да се омекнат овие две земји. 

Можно е условно отворање на преговори со ЕУ во јуни 2019 година, јави известувачот на МИА повикувајќи се на дипломатски извори. Отворање на преговорите за Македонија е условено со постигнување напредок во реформите.