Франција го ратификуваше пристапниот протокол, ни остана уште Шпанија

462

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, на Твитер објави дека Франција го ратификуваше протоколот за членство во НАТО.

„Франција ратификуваше. Ни остана уште Шпанија! Стануваме полноправна членка на НАТО!“ напиша Шекеринска.

За полноправното членство на Македонија во НАТО останува уште Шпанија да го ратификува пристапниот протокол. Шпанија допрва треба да формира влада, по неодамнешните избори.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг очекува процесот на ратификација на членството на Македонија во Алијансата сите сојузници да биде завршен на почетокот на следната година. Документот треба да биде усвоен и во македонското собрание за Македонија да стане членка на НАТО.