Флекенштајн: ЕУ да започне преговори со Македонија

131

Европратеникот Кнут Флекенштајн ги повика лидерите на ЕУ да отворат преговори со Македонија и Албанија на јунскиот Самит.

– Мора да биде јасно дека треба да делуваме во Македонија, има нов ветер таму, договорот со Бугарија го илустрира тоа, мораме да го поддржиме она што го направија Ципрас и Заев, а направија суштински напори да го решат спорот за името – изјави Флекенштајн денеска на пленарната седница на Европскиот парламент.

– Имаме напредок и во Албанија, владеењето на правото е можеби подобро и од некои ЕУ држави. Треба да почнеме преговори со овие земји – рече Флекенштајн.

Тој повика и на отворање нови преговарачки поглавја со Црна Гора и Србија, и напредок во либерализацијата на визниот режим со Косово доколку се исполнети условите.

Според него, ЕУ треба да биде поприсутна на Балканот.