Филипче: Продолжуваме да инвестираме во човечкиот капитал

55

Министерот за здравство, Венко Филипче, и државниот секретар во ресорното министерство денеска беа во посета на Клиничката болница во Штип, каде одржаа работна средба со раководството во здравствената установа и заеднички беше направена обиколка низ реновираното посебно одделение за кардиологија кое се пушти во употреба кон крајот на 2019 година.

– Чест ми е што во континуитет ги подобруваме и зајакнуваме условите во Клиничката болница во Штип. Одделението за кардиологија е комплетно реновирано и опремено, како со медицинска опрема, така и со кадар. Со набавената опрема и со вработувањето на 54 здравствени работници. Со договор на дело ангажирани се 179 лица. Платите на здравствените работници значително ги зголемивме, 40 отсто на лекарите специјалисти, 25 отсто на општите лекари, до 23 отсто на медицинските сестри и 15 отсто на здравствените соработници. Ќе продолжиме да вложуваме и во платите, затоа што медицинскиот персонал заслужува достоинствени услови за работа – потенцираше министерот Филипче.

Новото одделение е сместено на последниот кат од болницата. Во оваа јавно-здравствена установа месечно се ставаат од 40 до 50 стентови и се вршат од 100 до 120 коронографии.