Ученици запоседнаа 55 гимназии во северна Грција протестирајќи против Преспанскиот договор

496

Ученици запоседнаа 55 гимназии во северниот дел на Грција, во знак на протест против ратификацијата на Преспанскиот договор, пишува електронското издание на весникот „Прототема“.

Според истиот извор, најмногу училишта се окупирани во Пела, 22 од вкупно 49-те во тоа населено место.

Уште 11 гимназии се запоседнати во западните делови на Солун и едно на истокот на градот. Три училишта се блокирани на Халкидики, четири во Кукуш и пет во Пиерија.