Туск пред пратениците во ЕП: Одлуката за Македонија и Албанија е голема грешка

120

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска пред пратениците во Европскиот парламент рече дека е голема грешка тоа што не била донесена одлука за почеток на преговорите со Македонија и Албанија.

Туск рече дека дебатата околу проширувањето била тешка, но и покрај јасната препорака од Европската комисија, не бил постигнат потребниот консензус.

-Јас верувам дека одлуката беше погрешна и отворено и директно им го кажав тоа на лидерите. Се надевам дека лидерите ќе се навратат на ова прашање пред Самитот во Загреб во мај идната година – истакна тој.