Тројца кандидати, 6 прашања, 18 различни одговори

108

ЕКСКЛУЗИВНО ВО ДЕНЕШНИОТ БРОЈ: ПРЕДИЗБОРНО СООЧУВАЊЕ НА ПРЕТЕНДЕНТИТЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА

Во самиот финиш на изборната кампања, пред првиот круг гласање на 21 април, во период кога се разгоруваат страстите и на мегдан се вадат сите адути, „Нова Македонија“ нуди соочување на аргументите и визиите на тројцата кандидати што претендираат за функцијата шеф на државата.
На тројцата кандидати им поставивме исти прашања и добивме различни гледишта за повеќето теми. Нивните одговори одлучивме да ги објавиме заедно во едно издание на весникот за читателите и јавноста да имаат јасен увид и преглед во позициите што ги застапуваат кандидатите.
Одговорите на интервјуата се објавени во согласност со редниот број според кој кандидатите се претставени на избирачкото ливче, при што како Редакција водевме сметка тројцата да добијат еднаков простор на страниците на првиот македонски дневен весник