Три нови партиски тела предвидени со статутарните промени во ДУИ

189

Во ДУИ се очекува да има три нови статутарни промени и програмски документи по четвртиот конгрес на 21 декември. За нив денеска се разговораше на седница на централното претседателство на партијата што се одржа во седиштето во тетовска Мала Речица. 

Според Артан Груби, станува збор за формирање на Национален совет, партиска изборна комисија која ќе работи за избор во сите органи на партијата. Исто така предвидено е да има и постојан конгрес кој ќе го претставуваат една третина од членовите делегирани од ограноци кои ќе работат до секој нов конгрес и по конгресот. Овие документи ќе бидат дадени на ограноците, но и пошироката експертска јавноста.

Тој исто така вели дека од ДУИ сакаат да се чујат мислења, сите добиени информации од јавната дебата, како што се забелешки од ограноци и експертската јавност да се инкорпорираат во предлог-резолуции на 4-тиот конгрес.

Одговарајќи на новинарски прашања за ветингот и политичката одговорност, Груби посочи дека ДУИ има идеја за двостепено спроведување со соодветен закон. Тој истакна дека ветингот е најдобро можно решение, а ДУИ како пионер на оваа тема за правда смета дека е неопходен закон. Првостепен  ветинг е со цел да се провери интегритетот на лице со јавна функција, па доколку се утврди дека нешто не е во ред тогаш да следува второстепен ветинг

На прашањето кој е ставот на ДУИ во однос на автенитчното толкување на член 11 од Законот за помилување, Груби изјави дека воопшто не било разговарано околу тоа, дека тоа прашање останува да се дебатира во Собранието како и во Уставен суд.

Тој лично смета дека е дојдено време што помалку да се мешаат судството и политиката и сите да си ја вршат својата работа согласно Уставот и согласно законот, но и дека треба да има одговорност за сите тие што згрешиле пред законот.