Талески ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар на НАТО

288

Новиот амбасадор во НАТО, Дане Талески, денеска ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Церемонијата се одржа во седиштето на НАТО, согласно протоколите за заштита од коронавирусот. По церемонијата, следеше состанок на амбасадорот Талески со Столтенберг.

Со предавањето на акредитивните писма и официјално започнува мандатот на Талески како прв постојан претставник на Македонија откако нашата држава стана 30-та полноправна членка на НАТО на 27 март минатата година.