Столтенберг и формално му ја врачи на Заев поканата за НАТО

375

Членството на Македонија во НАТО уште повеќе ќе ја зголеми безбедноста и стабилноста и ќе служи како позитивен пример за Западен Балкан, порача премиерот Зоран Зоран денеска во Брисел, откако претходно на свечена церемонија заедно со генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг ја потпишаа поканата за прием на земјата.

– Како идна 30. земја-членка на Алијансата сме подготвени да дадеме позитивен пример во регионот и да придонесеме за натамошно обликување на регионот на Западен Балкан како мирен и просперитетен регион – рече Заев.

Столтенберг порача дека Македонија и формално ќе стане 30. членка на Алијансата, откако протоколот за прием на земјата ќе биде ратификуван од сите земји-членки.