Столтенберг: Добредојде во НАТО

266

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг посака добредојде во Алијансата, како нова, 30-та членка.

– Добредојде во НАТО Северна Македонија! Патот беше долг, но напорите вродија со плод. Формалниот процес на пристапување е завршен, драго ни е што 30-тата земја членка на Алијансата е со нас – објави на својот Твитер профил Столтенберг.

Церемонијата за подигање на македонското знаме пред седиштето на НАТО ќе се одржи в понделник во присуство на Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, претседателот на Воениот комитет на НАТО воздухопловниот маршал сер Стјуарт Пич и Зоран Тодоров од делгацијата на нашата земја во НАТО.