Спасовски: Повисоки плати во образованието

47

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, попладнево имаше средба со просветни работници во општината Бутел.

Тој ги истакна политиките на СДСМ и рече дека со новата развојна економија, како што се покачуваат минималната и просечната плата, ќе има покачувања на платите во сите области.

– Режимот на ВМРО-ДПМНЕ не ги почитуваше просветните работници, од нив правеше гласачка машина, ги носеше на контра протести и ги обремени со милион административни процедури – посочи Спасовски.

Тој и во новиот мандат најави големи вложувања во образованието и вистинска грижа за просветните работници и за учениците.

– Вложуваме во образованието. Со новата Програма предвидуваме поврзување на сите основни училишта со ултра брз интеренет, интерактивни училници, дигитализација и трасформација на наставната програма, што ги налага и актуелната здравствена ситуација со којашто се соочуваме – најави претставникот на СДСМ.

Воедно дека следниот мандат на Владата ќе биде целосно посветен на економијата и кревање на животниот стандард на сите категории граѓани.