Спасовски на инвестициски самит за Западен Балкан

29

Инфраструктурните проекти се од клучно значење за развој на регионот, а патното, железничкото и гасното поврзување се од посебно значење за земјите од Западен Балкан, изјави вчера премиерот на Македонија, Оливер Спасовски, на Инвестицискиот самит за Западен Балкан во Лондон.

– За Македонија се важни инфраструктурните проекти, како што е Коридорот 8, кој е дел од паневропскиот коридор. Тој би ги поврзувал Истокот и Западот и е еден од стратегиските проекти на нашата земја. Не постои дел на тој коридор што го вклучува и железничкиот сообраќај, а кој ние нема да го направиме – истакна Спасовски.

Премиерот пред присутните изрази уверување дека на тој начин ќе се воспостават добри врски меѓу Јадранско Море и Црно Море, вклучувајќи го поврзувањето меѓу Албанија, Македонија и Бугарија.