Оливер Спасовски истакна дека идниот мандатар ќе одлучи дали тој ќе остане на функцијата министер за внатрешни работи.

– Ова не е прашање за мене. Тоа е прашање за мандатарот кој ќе одлучува за тоа кои ќе му бидат министри – посочи Спасовски, додавајќи дека е посветен на одработување на обврските.