Спасовски: Домашна платежна картичка и за пензионерите, стечајците, самохраните родители и невработените

7809

Премиерот Оливер Спасовски најави економска поддршка за нови категории граѓани како дел од справувањето со последиците од ковид-пандемијата. Платежна картичка ќе добијат пензионерите, стечајците, самохраните родители и невработените кои не се активни баратели на работа

– Најавувам нова, 4-та одлука на Владата, за секој пензионер со пензија до 15.000 денари домашна платежна картичка од 9.000 денари, за секој стечаен работник, 12.000 во државата, домашна платежна картичка за купување домашни производи. За секој невработен кој не е активен барател на работа – домашна платежна картичка и за секој самохран родител – домашна платежна картичка – изјави носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, на вечерашната граѓанска трибина во Чаир.