Спасовски бара разрешување на Мизрахи

145
Фото: Игор Бансколиев

Премиерот Оливер Спасовски бара разрешување на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.

Како што информираат од Владата, предлогот за разрешувањето на Мизрахи е доставен до Собранието поради кршење на Уставот.

– Премиерот и Владата имаат обврска да обезбедат заштита на Уставот на Република Северна Македонија. Имајќи предвид дека министерката Мизрахи свесно и намерно го крши Уставот и со тоа ја загрозува евроатланската иднина на земјата, премиерот до Собранието достави предлог за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Мизрахи – информираат од Владата.

Претходно, министерот за надворешни работи Никола Димитров му сугерираше на Спасовски да предложи до Собранието разрешување на Мизрахи.

– Доколку министерката Мизрахи веднаш своето делување не го врати на линија и во рамките на Уставот, му сугерирам на претседателот на Владата, Оливер Спасовски, да предложи нејзино разрешување до Собранието. Укажувам дека во нејзиното делување има и елементи што можат да повлечат кривична одговорност по член 353 и член 390 од Кривичниот законик, но тоа е веќе работа во деолкруг на други државни органи – рече министерот Димитров.

Мизрахи вчера кажа дека нема намера да ја менува таблата со името Република Македонија, па дури и е подготовена да плати казна.