Со златната метла Дескоска ќе го чисти криминалот и корупцијата

214

Пред Министерството за правда денеска непознати лица оставиле златна метла, министерката за правда, Рената Дескоска ја фотографирала истата и на својот фејсбук профил се заблагодари за подарокот и истакна дека со неа ќе го чисти криминалот и корупцијата во државава.

-Ви благодариме за овој златен подарок – златна метла. Златна метла во правда може да биде за метење криминал и корупција. Се надеваме дека со носењето на Законот за Јавното обвинителство, ќе се исполни оваа насушна потреба на граѓаните. Затоа, охрабрете се – заедно да го изгласаме и да создадеме можност да се измете криминалот и корупцијата!-напиша таа на приватниот Фејсбук профил.