„Советот на амбасадори“ ја поздрави одлуката за почеток на преговорите со ЕУ

110

Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ ја поздравува потврдената Одлука за почеток на преговортите за членство на Северна Македонија со Европската Унија на Состанокот на претседателите на држави и влади на ЕУ.

„Совет на Амбасадори„ оценува дека ово е најголемо достигнување и пресврт во односите на Република Македонија со ЕУ после Лисабонската Декларација од 1992. Одлучните преземени чекори во уредувњето на односите пред се’ со соседните земји и решавањето на отвореното прашање од страна на колационата влада во последните две години доведоа до брза комуникација со официјален Брисел и особено со голем број земји членки на Унијата кои застанаа зад нас и помогнаа во надминување на некои прашања а земјата интензивно започна со спроведување на бројни реформи иако останува уште простор за наша интензивна работа.

Советот ги повикува политичките партии ова значајно политичко достигнување кое е резултат на определбите и напорите на сите граѓани, политички партии, невладини организации и медиуми, да не го ставаат во функција на промоција на нивните партиски платформи и реализација на партиски цели и интереси.

Совет на Амбасадори ја повикува Владата во пресрет на датумот, во тесна соработка со опозицијата и невладините организации да изградат поширока платформа за започнување на преговорите со Европската Комисија.

Советот смета за потребно да укаже дека во тимот за преговори со Унијата треба да се влкучат покрај претставниците на владините институции, и експерти од опозицијата, од невладиниот сектор и од редовите на научната и интелектуална заедница со цел за успешно одвивање на процесот.

Совет на Амбасадори смета дека самата одлука за отворање на преговорите по автоматизам не значи дека целта е постигната. Напротив, Владата и институциите на државата уште по ревносно и поинтензивно треба да се фокусираат во борбата за воспоставување на реална и правна држава, департизација на институциите, независното судство и ефикасна борба против криминалот и корупцијата.

Советот на Амбасадори смета дека прв тест дека одиме кон праведен и брз пат за членство кон Унијата е успешно да се бориме за сузбивање на пандемијата на коронавирусот која немилосрдно во светски рамки ја загрозува популацијата на целата земјина топка и севкупните вредности во сите сфери на животот од што нема да биде поштедена и нашата земја.