Собранието ја констатира оставката на пратеникот Тунтев

170

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери на денешната пленарна седница ја констатира оставката на пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.

Тунтев не ја образложи својата оставка. Тој ќе ја преземе функцијата директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Неговото место во пратеничките клупи го зазеде Рубин Земон, кој беше посебен советник за развој на мултикултурно општество, интеркултурализам и интеркултурните комуникации на премиерот.