Собранието се распушти

188

Со 108 гласа „за“, без против или воздржани Собранието се распушти, што значи дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат според договореното на 12 април.

Одлуката за распуштањето, пратениците ја поздравија со ракоплескање, а претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, се заблагодари за довербата на пратениците и работата на Собранието.

Претходно денеска беше изгласан Законот за Јавно обвинителство. Пред распуштањето, изгласани беа и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за управување со предметите во судовите и Законот за заштита на лични податоци, Законот за инспекторатот за употреба на јазиците и Законот за урбано зеленило.