Собранието продолжува со работа

31

На собраниската веб-страница за денеска веќе е закажана седница на комисијата за економски прашања, а за 29 август, пак, пленарна седница. До средината на неделава се очекува и првата средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери, со координаторите на пратеничките групи

По летниот одмор, пратениците од денеска започнуваат со своите вообичаени активности во Собранието. Во текот на оваа недела се очекува да бидат соопштени и информации на пратениците и пратеничките групи за тоа дали и како ќе учествуваат во јавната пропаганда за референдумот, но и тоа дали Собранието, како овластен предлагач, со свои претставници ќе ја набљудува работата на изборните органи што ќе го спроведуваат референдумот на 30 септември.
На собраниската веб-страница за денеска веќе е закажана седница на комисија за економски прашања, а за 29 август, пак, пленарна седница. До средината на неделава се очекува и првата средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери, со координаторите на пратеничките групи.

На дневен ред на комисијата за економски прашања е годишниот извештај за Комисијата за заштита на конкуренцијата 2017 година.
Засега, за 58-та собраниска седница, на дневен ред се ставени 19 точки, претежно измени на закони во прво читање.
На последната средба со новинарите, на 31 јули, претседателот на Собранието кажа дека по одморите треба да се очекува Собранието да ги избере членовите на неколку второстепени комисии што останаа без своите први луѓе по нивното разрешување, но исто така да биде избран и директор на ОТА.
Во септември се очекува да завршат измените на Деловникот на Собранието на Република Македонија. П.Р.