Сијарто: Барањето на Груевски за азил е правно, а не политичко прашање

185

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска телефонски разговарал со неговиот македонски колега Никола Димитров за случајот со поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, кој пребега и побара азил во Будимпешта, соопшти МНР на Унгарија.

Сијарто му кажал на Димитров дека барањето на Груевски за азил во Унгарија е правно, а не политичко прашање и дека унгарските власти ќе одлучуваат целосно според меѓународното право.

Во разговорот што бил инициран од македонска страна Сијарто нагласил дека Македонија и натаму може да смета на силната поддршка од Унгарија во процесот на интегрцијата во ЕУ и НАТО.

Кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, пак, вчера потврди дека Груевски поднел барање за азил.

– Со оглед дека 10-тина години беше премиер, поради безбедносни причини унгарските власти дозволија Никола Груевски барањето за азил да го достави и да биде сослушан во седиштето на Канцеларијата за имиграции и азил во Будимшпешта, соопштија од кабинетот на Орбан, нагласувајќи дека продолжува унгарската поддршка за Македонија која, како што е наведено, е стратешки партнер и сојузник на Унгарија.