Спорот за името мора да се реши како еден од предусловите за членство на земјата во ЕУ и НАТО, истакна Даниел Сервер, експертот за Балканот и професор на Универзитетот „Џон Хопкинс“ од Вашингтон на денешната собраниска Комисија за европски прашања коментирајќи го Извештајот за напредокот на Македонија што го објави Европската комисија.

– Дури и ако ги направите сите нешта кои ги бара ЕУ, дали Атина сė уште ќе биде проблем. Краткиот одговор е да, но имате избор. Постојат две насоки – надолна спирала на очај и според мене тоа е тажно сценарио и другата насока која ја одбравте пред една година е да се издигнете, односно таа е спиралата која ги прифаќа условите на НАТО и ЕУ и ја одржува државата на ова ниво, а кое со тек на време ќе го издигнува, а тоа е она што јас би го избрал – рече Сервер.

Триаголникот од кој зависи напредокот на Балканот се САД, ЕУ и вие. Кога овие три страни се хармонизирани ништо не може да ги спречи. Кога се надвор од рамнотежа сите прашања дури и оние кои може да влијаат на мирот и стабилноста се под опасност.

На седницата свои обраќања имаа и премиерот Зоран Заев, евроамбасадорот Самуел Жбогар, како и претставниците на политичките парти застапени во Парламентот.