Села: Албанските административци нема да ги отпуштиме

291

Зијадин Села и кандидатите за пратеници од коалицијата „Сега е време“ ги посетија населените места во општина Желино.

Пред жителите на општината кандидатите ја претставија својата изборна понуда и слушнаа за нивните секојдневни проблеми.

Во својот говор пред жителите на Требош, Села, меѓу другото, ја спомена и состојбата во која се наоѓаат повеќето Албанци вработени во јавната администрација.

– Дискриминацијата врз вработените Албанци во државната администрација ќе заврши со победа на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. Сакам да упатам апел до сите албански административци. Никој нема право да уценува, заканува и да врши притисок. Нема потреба да се поклоните на некого за да ја задржите работата. Ние ќе го чуваме достоинството на секој од вас. На 15 јули ќе заврши дискриминацијата и понижувањето на административците. Ние нема да отпуштиме никого, напротив, ќе напредуваат и ќе им го дадаме заслуженото место во државната администрација – рече Села, носител на листата на коалицијата „Сега е време“ во шестата изборна единица.