СДСМ: Судот ќе одреди дали и кој е инволвиран во насилството за 27 април, а не Иванов

114
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Судските постапки и доказите ќе одредат дали и кој е инволвиран во насилството за 27 април, а не Иванов, е наведено во соопштението на СДСМ, кое следеше после обраќањето на претседателот Ѓорге Иванов.

Во прилог интегрално соопштение од политичката партија СДСМ

Согласно доказите и транспарентната судска постапка, надлежните судски органи ќе одредат дали и кој бил инволвиран во насилството на 27 април, а не Ѓорге Иванов. Колку е несериозен и неодговорен Иванов покажа и денеска.

Од една страна тврди дека исказите во судската постапка за насилството од 27 април се невистинити а од друга ги потврдува, конкретно, Иванов потврди дека член од неговиот кабинет, Борис Јосифовски, бил во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ тој ден.

Иванов потврди и дека Миле Јанакиевски и Владимир Пешевски биле кај него со иницијатива поврзана со помирувањето.

Останува фактот дека Иванов е со целосно нарушен кредибилитет, со крајно неодговорна, негативна и сомнителна улога во општеството.

Иванов заговараше општа амнестија за криминалот и неказнивост, тој е срам за граѓаните и државата, неодговорен кон иднината а особено кон интеграциите, кон членството на Македонија во НАТО и ЕУ.

Ѓорѓе Иванов потроши два мандати а ниту еднаш не излезе во јавноста за некое клучно, и важно прашање за граѓаните, за државата, освен за потребите на Никола Груевски.