СДСМ : Се отпишуваат каматите на долговите кон јавните претпријатија

62

СДСМ како одговорна партија спроведува мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните и повеќе пари во семејните буџети. Во таа насока е и новата мерка со која се отпишуваат сите камати кон јавните претпријатија на централно и локално ниво и државни установи до крајот на 2017-та година, соопшти партијата.

Каматите се отпишуваат и на граѓаните ќе им се даде можност да го плаќаат главниот долг на рати, чиј број зависи од големината на долгот.

– Оваа мерка е насочена кон решавање на проблемите на голем број граѓани, кои се наоѓаат во маѓепсан круг на блокирани сметки, замрзнати имоти и судски пресуди. Анализите покажуваат дека каматите го голем дел ги надминуваат и висините на основниот долг и токму затоа се тргнува од бришење на каматите и отоврање на можноста за репрограмирање на главниот долг и негово плаќање на рати. СДСМ им помага на граѓаните и со законските измени кои предвидуваат намалување на трошоците за нотари и извршители. Граѓаните корисници на гарантираната минимална помош, оние кои заработуваат помалку од просечна плата и добиваат помала просечна пензија извршувањето нема да може да биде поголемо од една петина од доходот месечно.СДСМ спроведува мерки за социјална правда и им го враќа достоинството на граѓаните. Приоритет ни е правото на граѓаните да живеат пристоен живот, ослободен од постојан пристисок за присилна наплата на нивните долгови, со набилдани камати – се додава во соопштението.