СДСМ: Преговараме за Влада со полн мандат поддржана од стабилно мнозинство во парламентот

129

СДСМ води сериозни преговори со претседателите на политичките партии, со работни групи, членови на раководствата на партиите, за формирање Влада со нов четиригодишен полн мандат, поддржана од стабилно мнозинство во парламентот,  соопшти партијата.

Според СДСМ, преговори се водат за Влада која е подготвена да сработи, да се движи брзо напред по европскиот пат на економијата и на правдата.

– Влада која ги отвора преговорите за членство со Европската Унија и Влада која со секое ново отворено поглавје од преговорите ќе воведува нови европски стандарди за подобар живот.Заради подобра заштита на здравјето на граѓаните, за поголема сигурност и економска предвидливост, потребно е стабилно парламентарно мнозинство и шполн мандат на новата Валда која ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и државата.Граѓаните ни ја дадоа довербата на изборите. Во следниот, четиригодишен мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро да работиме во интерес на граѓаните – се додава во соопштението.


ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже кои се партиите од новото мнозинство

Наместо досадни и стерилни соопштенија за себехрабрење, бидејќи СДСМ трет ден тврди дека има мнозинство јавно ги повикуваме да кажат кои се партиите од ново мнозинство, која е цената за таквата коалиција, кој ќе биде премиер, во спротивно ќе се докаже дека лаже и манипулира, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, што се однесува до иднината за која пишуваат ако од СДСМ зависи иднината тешко на државата и граѓаните.

– Бидејќи велат дека од нив зависела европската иднина, тогаш јавно прашуваме што ги спречуваше до сега нејзе да ја донесат – се додава во соопштението.