СДСМ и Беса заедно на изборите

192

Лидерите на СДСМ и движењето Беса, Зоран Заев и Биљал Касами, потпишаа Декларација за заеднички настап на изборите на 12 април.

Како што беше кажано на свеченоста за потпишувањето на овој документ, двете партии ќе настапат со заедничка инклузивна предизборна програма.

Во заедничката изјава за Декларацијата за заеднички настап на СДСМ и на Движењето Беса, се потенцира дека таа се потпишува во духот на градење доверба и заедничка европска иднина и почитување на граѓанските вредности, идентични на европските вредности.