СДСМ започнува со караванот трибини „На прав пат”

63

, Владејачката СДСМ од сабота, 5 октомври, ќе почне со караван трибини низ целата земја наречен „На прав пат“, најави генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски.

– Под слоганот „На прав пат“ СДСМ започнува караван на отворени, јавни трибини со граѓаните ширум републиката. На повеќе од 20 граѓански форуми, директно со граѓаните, очи в очи, да ги слушнеме нивните ставови, но и да го презентираме сработеното во изминатите две години. За секој регион, за секое наше населено место. Ги повикуваме граѓаните да ни се приклучат, како што се приклучија на промените, како што се приклучија на напредокот, на нашите маалски и урбани средби, и да дадат свој придонес – рече Николовски.

Првата трибина ќе се одржи в сабота во Штип, а на неа ќе учествува и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Граѓанските трибини во поголемите градови се планирани секој викенд, а преку работните денови ќе се одржуваат помали трибини во помалите општини или населени места, во попладневните часови.

Во меѓувреме, продолжува одржувањето на маалски и урбани средби со граѓаните.