Самото постоење на Македонија претставува акт на агресија за Бугарија

2125
Ивајло Дичев

Основното обвинување од Софија е што Северна Македонија воопшто постои, и доколку таа нова нација упорно одбива да се самоукине, тоа Бугарија го смета за акт на агресија, наведува професорот по културна антропологија на Универзитетот во Софија и предавач на универзитети во САД и во Франција, Ивајло Дичев, за бугарскиот меморандум, во неговиот авторски текст објавен од „Дојче веле“.

– Што прават нашите властодршци кога ќе се најдат во тесно? Уриваат некоја ромска колиба. Им објавуваат света војна на родовите кои самите си ги измислуваат. Политизираат светски кризи како оваа со коронавирусот. И се разбира – ги рекреираат историските војни за Македонија. Не знам како не им се смачи тој евергрин на патриотските гласачи, но во секој случај тој се уште е актуелен и ќе го оттргне малку вниманието на медиумите од неуморните протести на бугарскиот Мејдан.
Во меморандумот, испратен до земјите-членки на ЕУ, нашата влада открива кај југозападниот сосед подмолна „антибугарска идеологија“. Основното обвинување е тоа дека Северна Македонија воопшто постои – и доколку таа нова нација упорно одбива да се самоукине – тоа нашите го сметаат за акт на агресија – пишува меѓудругото Дичев, додавајќи дека „од чисто логична гледна точка делува апсурдно Бугарија да потпишува договори со партнер чие постоење го негира“.

Тој смета дека исто толку апсурдни се дежурните обвинувања за јазикот, се осврнува и на работата на мешовитата македонско-бугарска експертска комисија, со што вели дека не му е јасно што точно се очекува од неа, бидејќи тоа не е наведено во договорот, а апсурдна му делува и темата за „сопственоста на Гоце Делчев за која се расправа. Дичев заклучува дека не може да си замисли оти бугарските граѓани ќе и простат на нивната влада доколку ја сопре Македонија на патот кон Еворпа, односно доколку и дадат повод на некоја европска држава да ја сопре.