САД го ратификуваа протоколот за членство на Македонија во НАТО

313

Американскиот Сенат вечерва го ратификуваше пристапниот протокол за членство на Република Македонија во НАТО.

Претседателот Стево Пендаровски им се заблагодари на САД и истакна дека стратешкото партнерство продолжува.

– Благодарност до САД за ратификацијата на Протоколот за нашето членство во #НАТО во Сенатот. Стратешкото партнерство САД-Северна Македонија продолжува во Алијансата придонесувајќи за глобалната стабилност и безбедност. #WeAreNATO – напиша Пендаровски.