Ристески од Прилеп: Вложување во спортот за иднина на младите

46

Вложувањето во спортот е вложување во иднината на нашите млади генерации. ВМРО-ДПМНЕ како партија отсекогаш се залагала и вложувала максимални напори за изградба на спортска инфраструктура и вложување во спортските клубови.

Ова го посочи Петар Ристески, кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ од ИЕ 4 во Прилеп nа денешната прес конференција.

Според него во Прилеп во минатото изградени биле 4 нови спортски сали, две тениски игралишта, игралишта за ракомет, кошарка, како и нов стадион со вештачка трева….
– Во овие три години на власт, ниту Владата на Заев, ниту општината која ја предводат Миле Талески и Илија Јованоски, не ја продолжи оваа хумана мисија за вложување во спортот. Ги уништија спортски клубови во градот, ги избркаа спонзорите, а градскиот стадион „Гоце Делчев” требаше да го завршат уште пред една година. Во програмата „Обнова на Македонија” предвидуваме цела низа мерки и проекти за унапредување на спортот. Ќе изградиме Национален центар за спорт каде македонските спортисти ќе можат да се подготвуваат за национални и интернационални натпреварувања. Преку мерката „Спортски денар”, ќе одвоиме 1 денар од акцизата на нафтените деривати или 800 милиони денари годишно кои ќе ги искористиме за развој на спортот, спортската инфраструктура и науката во спортот, ќе го унапредиме училишниот и универзитетскиот спорт и значително ќе ги подобриме условите за изведување на наставни часови во образовните институци, ќе изградиме нови сместувачки капацитети за ученици и студенти од областа на спортот. Воедно континуирано ќе го усовршуваме спортскиот наставен кадар со задолжителна посета на семинари и обуки и силно ќе ги поддржиме врвните спортови и ќе обезбедиме можности за поголема финансиска поддршка од приватниот сектор, преку ослободување на дел од данокот на добивка и ќе обезбедиме дополнителни бенефиции за спортските клубови кои остваруваат високи спортски резултати во меѓународни рамки. Предвидовме 1,2 милијарди денари за реконструкција на постоечките спортски објекти и изградба на нови спортски сали, игралишта и атлетски патеки низ целата држава. Во Прилеп ќе го доградиме градскиот стадион и конечно Прилеп ќе има фудбалски храм каков што заслужува – рече Ристески, при тоа потенцирајќи дека значително ќе ја унапредат спортската медицина, барајќи ја довербата од граѓаните на 15-ти јули.

Ка.М.