Рама: Немаше пречка претседателот или премиерот на Косово да учествува во дијалогот

232

Албанскиот премиер Еди Рама од самитот во Охрид порача дека Косово згрешило што не учевствува во иницијативата за регионална соработка и дека на следниот самит во Драч треба да ја поправи грешката.

-Не е идејата да го поделиме Западен Балкан, туку да ги опфатиме сите земји од Западен Балкан. Немаше пречка претседателот или премиерот на Косово да учествува во дијалогот и да се усогласи со сите останати за сите елементи. Се сеќавам дека потребно беше време претставниците на Косово да бидат прифатени на иста средба со тогашните авторитети од Србија и Босна, бидејќи ниедна од страните не сакаа да седнат на иста маса. Сега учеството на Косово не е ставено под прашање и не можеме да го разбереме сето тоа, не го гледам интересот од враќањето назад – рече Рама.

Тој додаде дека не го променил мислењето кон Србија и Босна, поради нивното непризнавање на Косово, но, истакна дека во меѓувреме нерешавањето на ова прашање не е оправдување Приштина да биде исклучена.