Разговорите за името влегуваат во завршна фаза – нова средба на Димитров и Коѕијас со Нимиц

1298

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, денеска во Сунио, во близина на Атина, треба да има средба со неговиот грчки колега Никос Коѕијас и со медијаторот Метју Нимиц.

Според Димитров, разговорите во спорот за името влегуваат во последната најделикатна фаза.

– Факт е дека сме во најделикатната и последната фаза, факт е дека има многу прашања за кои има разбирање, тоа разбирање е врзано со крај. Значи, тоа што е договорено, не е договорено, ако не е договорено – рече вчера Димитров

Според него, нивна должност е да се најде едно решение што е можно повеќе ќе ги покрива потребите на двете стран.

На новинарско прашање и коментар дека се чини дека премиерот Заев е поголем оптимист од него, Димитров рече дека имаат различни стилови, премиерот го покажува правецот, а тој како министер мора полека полека да го изоди патот преку процесот.