Продолжуваат протестите за ратификацијата на Преспанскиот договор во Грција

217

По синоќешните настани пред парламентот во Атина, грчкиот медиум „Екатимерини“ објавува дека започнаа подготовки за нови протести против ратификацијата на Договорот од Преспа.

Вчера од спикерот на парламентот на Грција беше најавено дека гласањето ќе се одржи денес во 13.30 часот, но можно е одлуката да се пролонгра за подоцна во текот на денот. Голем број на демонстранти веќе се собираат на главниот плоштад Синтагма во Атина и се очекува протестот за започне во 12 часот.

Демонстрациите против договорот се очекува да ги блокираат поголемите грчки градови и освен што се протестира во Атина, се очекуваат собири и во Солун и други градови во Грција.