Продолжи собраниската седница за избор на министри и заменици

75

Собранието денеска ја продолжи 110-тата седница за избор на нови членови на Владата – двајца министри и тројца заменици-министри.

Седницата синоќа беше прекината по неколкучасовната расправа.

Нина Ангеловска, сопствениката на „Групер“, e предложена за министер за финансии, а Хисен Џамаили за министер без ресор и задолжен за подобрување на инвестициската клима.

Кире Колемишевски е предложен за заменик-министер за економија, додека заменик-министер за образование и наука ќе биде Елизабета Наумовска.

Заменик-министер на новото Министерство за политички систем и односи со заедниците ќе биде Неџат Мехмедовиќ.

Пратениците треба да изберат и нов вицегувернер на Народната банка за што е предложен Фадил Бајрами.