Прес-конференција на премиерите Заев и Ципрас (во живо)

430

Во Владата во тек е прес-конференцијата на премиерите на Северна Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Двајцата премиери претходно во имаа тет-а-тет разговори, по што беше одржана и седница на Високиот совет за соработка меѓу двете земји.

Заев и Ципрас и министри од двете влади потпишаа повеќе договори за интензивирање на билатералната соработка, согласно Договорот од Преспа.

Ципрас, кој престојува во официјална посета на Скопје, прва на некој грчки премиер, ќе има средба и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Попладне ќе се одржи Бизнис-форум, на кој ќе се обратат двајцата премиери.