Заев им вети на жените еднаква застапеност во парламентот

87

Премиерот Зоран Заев на обраќањето на денешниот Форум на жените на Социјал-демократскиот сојуз на Македонија на кој беше одбележан нивниот 20 роденден, им вети родова еднаквост и 50 отсто застапеност во парламентот до крајот на неговиот мандат.

– На роденден не се доаѓа без подарок, а јас денеска ви го подарувам моето срце. Ветувам дека до крајот на мојот мандат застапеноста на жените во извршната власт ќе биде еднаква со застапеноста на мажите. Горд сум на сите вас и ви благодарам за сите успешни битки во кои учествувате безрезервно. Ние ќе бидеме првата политичка партија кај нас која во своите редови ќе има рамноправна родова застапеност – рече премиерот Заев.

На денешниот Форум на жените што се одржа во салата на Националната опера и балет беше одбележана 20 – годишнината од основањето и неколку пати беше потенцирано дека од занемарлив процент на 4 отсто жени во Парламентот, со сите заложби денеска овој процент е поголем од 30 остсто.