Пратениците се скараа за „Рекет“

251

Собраниската расправа за новите предлози за министри премина во меѓупартиски обвинувања за случајот „Рекет“. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека власта е замешана, а од СДСМ побараа темелна истрага.

Никола Мицевски пак возврати дека нему повеќе му личи на ајвар алудирајќи на замешаност на функционери од власта.

Расправата продолжи со остри меѓусебни дофрлувања од место, свиркања и извикувања.

– Огромна е разочараноста и кај мене како и кај граѓаните, Јанева мислеше дека ќе профитира од функцијата и затоа сега е во притвор – рече Ивана Туфегџиќ, која продолжи со критики за скандалите на ВМРО-ДПМНЕ, за прислушувањето на амбасадорите и загрозување на безбедноста на новинарите.

Дискусијата за изборот на новите министри се очекува да трае до крајот на денот, а следна точка на дневен ред е изборот на замениците министри и вицегувернерот.

– Излитена реторика е кога вие зборите нема правда нема мир – ѝ возврати Мицевски и посочи на неразрешениот скандал со прислушуваните обвинители.