Пратениците нема поединечно да добиваат средства од буџетот за референдумската кампања

59

Водењето јавна кампања не подразбира дека Собранието, како овластен предлагач, ќе дели средства поединечно на секој од 120-те пратеници за нивно водење кампања за референдумот на државно ниво.

Тоа попладнево го соопшти службата за информирање на Собранието на Република Македонија во, како што наведува, појаснувањето по дописот што денеска го испратил пратеник до претседателот на законодавниот дом Талат Џафери, во кој го известува дека ќе учествува во јавната кампања за претстојниот референдум и оти бара да му се обезбедат средства за таа намена.

Затоа претседателот на Собранието Џафери, стои во соопштението, во текот на вчерашниот ден, упати известување до пратеничките групи и до пратениците кои не се организирани во пратенички групи, во рок од три дена да го известат дали ќе учествуваат во јавната кампања и каков ќе биде нивниот став по референдумското прашање „за“ или „ против“.

Врз основа на добиените податоци, пропорционално, Собранието ќе закупи медиумски простор за учество на дебатни емисии, пишани медиуми и интернет портали, најавува службата за информирање на Собранието на РМ.