Мицевски: Го повикуваме Пендаровски да не го потпишува законот донесен на нелегален начин

149

Слугите на Зоран Заев денеска се надминаа себеси. Законот за амнесија на криминалите на Заев не помина. Го донесоа на криминален начин, што доволно говори за оваа власт како функционира, обвини координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

– Бевме сведоци на погазување на демократијата, деловникот, зеконите. Откако законот не го доби потребниот број гласови и не помина со 74, без срам, спротивно на деловникот, бидејќи резултатот не им се допадна се поништи. Оваа одлука е неделовничка и не законска. Претседателот Пендаровски не смее да ги потпише, го повикуваме да не го стори тоа, затоа што ќе биде огромен скандал. Брз процедура се поништува и се носи закон. Ова ли се европски стандарди, повикуваме реакција и на меѓународната заедница. Нелегалното гласање е дел од криминалното владење на ова власт, кршење, закон, процедури. Оваа лакрдија мора да заврши мора веднаш да се распишат изборите. Ќе бидеме присутни во собранието, но во сала ќе влеземе само за распуштање на Собранието – порача Мицевски.