Почнува скринингот процесот за отпочнување преговори за членство во ЕУ

110

Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската комисија Јоханес Хан денеска ќе престојува во Македонија, со што почнува скринингот процесот на земјата за отпочнување преговори за членство во Унијата.

Според агендата, Хан утрово ќе има средба со премиерот Зоран Заев, а потоа и со претседателот на Парламентот Талат Џафери и со лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Еврокомесарот Хан ќе има обраќање пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието.

Минатата недела Хан на прес-конференција во Брисел ги најави посетите на Македонија и на Албанија и отпочнувањето на скрининг процесот на овие две земји. Еврокомесарот по завршување на средбите во Скопје, попладне ќе замине за Тирана.