Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата имало краток прекин на гласањето во Лојане

31
Фото: Игор Бансколиев

На избирачкото место во селото Лојане, во општина Липково имало краток прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките ливчиња, потврди Адмир Шабани, портпарол на Државната изборна комисија. Прекинот траел кратко време додека биле пребројани гласачките ливчиња кога било утврдено дека вкупниот број се согласува.

–  Добивме информација за краток прекин на гласањето во Лојане, но причината била несогласување на сериските броеви на гласачките ливчиња. Прекинот траел додека изборачкиот одбор не ги пребројал ливчињата. Утврдиле дека има толку ливчиња колку што избирачкиот одбор пребројал. За целата ситуација има посебен записник. Гласањето продолжило и тече без прекини – објасни портпаролот Шабани.

До ДИК до 15 часот официјално нема стигнато приговор за изборниот процес.