Политичарите испратија порака: Почитувајте ги мерките, се гледаме наскоро!

234
Фото: Игор Бансколиев

Може ли поради заболените функционери да се предизвика
дисфункционалност на државите?

Колку заболувањата на функционерите во централните и локалните власти, како клучни одлучувачки фактори, но ставени надвор од функција поради ковид-19, ги загрозуваат нормалното дејствување на земјата, нејзините институции или локалната самоуправа? Овие дилеми не се актуелни само во Македонија туку и насекаде во светот. Функционерите како т.н. одлучувачки фактори се во тесна врска со организирањето на битката на самите власти, односно организираните мерки и активности на државите и граѓаните за запирање на ширењето на инфекцијата и за здравствена заштита.

Во изјава за „Нова Македонија“, од Владата велат дека, како и сите граѓани, и највисоките државни претставници имаат обврска да се придржуваат до протоколите за заштита од ковид-19, вклучувајќи ги и на оние што се однесуваат на начинот на работа во затворени простории или за организирање настани на отворено или затворено.
– Надлежностите на првите луѓе на државата, претседателот на државата, претседателот на Собранието и претседателот на Владата, се уредени со Уставот и со соодветните закони и во нив прецизно се утврдени постапката и надлежностите кога некој од нив, од одредени причини, не е во состојба да ја извршува функцијата – велат од Владата.
Оттаму подвлекуваат дека кризата со ковид-19 наложи и многу соодветни алтернативи за работа, како што е организирањето конференции и настани преку алатките за интернет-комуникација, и секоја институција соодветно ги приспособи своите деловници за работа за новонастанатите услови.
Политичкиот аналитичар Петар Арсовски вели дека ако се анализираат овие случувања врз тоа како се справуваат различните слоеви на властите од нашата држава, ќе се стигне до заклучок дека Владата најдобро е подготвена за овие настани, за разлика од парламентот или преставниците на локалните власти.

– Имено, гледајќи ја целата состојба, Владата дејствува како најподготвена да спроведе одредена политика или да даде решение на некој проблем. За секој заболен министер или член на Владата има по двајца или тројца заменици, кои можат веднаш да потпишат документ во негово име. Дополнително, Владата во најголем дел е дигитализирана, а тоа се покажа и за време на првиот бран на пандемијата. Од друга страна, не се вакви состојбите во парламентот. Имено, таму на терен се покажа дека работите многу бавно се одвиваат. Нивната дигитализација не е како онаа на Владата. Можеби во иднина, за да се намалат ризиците, секој од пратениците би требало од својата канцеларија да ја следи седницата и оттаму да гласа електронски, па така ќе бидат побезбедни сите. Во ваков сооднос на мнозинството, доколку најмалку двајца од пратениците заболат, тогаш имаме нефункционален парламент. Натаму, кај локалните власти е најголемиот проблем. Најголем дел општини имаат мал буџет и не се дигитализирани и тие ни приближно не може да се справат со овие предизвици во споредба со централните власти. Во институциите, пак, и во министерствата што издаваат документи или даваат услуги треба комплетно да се премине на дигитализација. За тоа ние имаме соодветни закони, процесот е безбеден, а истовремено и поевтин за земјата – вели Арсовски.

Тој резимира дека секоја борба против еден невидлив непријател како ковид-19, сакале ние да признаеме или не, е дел и од добрата организација, а од успехот на властите во справувањето со епидемијата во голема мера може да зависи и нивниот систем на организација за дејствување.
Во контекст на темата што ја истражувавме, за обележување е дека откога почна пандемијата, за жал во нашата земја редица високи државни функционери, лидери на големи политички партии, но и градоначалници и директори на институции се заразија од ковид-19 или беа превентивно во карантин додека не поминаа опасностите од заболувањето.
Меѓу најпознатите примери беше оној кога премиерот Зоран Заев и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, по последователно интервју со тогаш заболен новинар, повеќе денови завршија во самоизолација.
Натаму, во месеците откога државата се бори со пандемијата, односно во периодот на постизборието, заболе и претседателот на парламентот Талат Џафери, кој заврши на лекување на Инфективната клиника. За обележување е и примерот кога заболе и пратеникот од ДУИ, Арбен Зибери , токму во времето на гласањето за формирање на новата влада и кога беше неопходен неговиот глас на поддршка за Владата. Натаму, на крајот од мај од ковид-19 се разболеа и потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, и министерот за образование и наука Арбер Адеми.
Од пандемијата настрадаа и некои од водачите на локалните власти во земјата, имено позитивни на вирусот беа првиот човек на Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски, струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски, како и директорот на јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“, Васко Кичевски, и други.

Од друга страна, како што се засилува вториот бран на пандемијата, и во период кога бележиме по 300 заболени, македонските медиуми регистрираа неколку случаи во кои високи државници, но и преставници на локалната власт, за жал, се инфицираа од ковид-19 или се во превентивна самоизолација. Таков е овонеделниот пример со министерката за култура Ирена Стефоска, која е во самоизолација откако било потврдено дека член од нејзиниот кабинет е позитивен на ковид-19. Таа најави дека ќе ги извршува работните обврски од дома.
– Моите обврски ќе ги извршувам од дома сè до спроведување на ковид-тестот, чиј термин се определува во согласност со здравствените протоколи. Целиот изминат период доследно ги почитувавме заштитните мерки. Јас, сите вработени и соработници што влегуваат во Министерството носиме заштитна опрема и одржуваме соодветно растојание. Се надевам дека сите ќе останеме во добро здравје и дека набрзо ќе може да се вратиме на своите работни места. На оние што се борат со ковид-19 им посакувам побрзо закрепнување, да останат силни и истрајни. Почитувајте ги мерките, се гледаме наскоро – напиша Стефоска на Фејсбук.

[email protected]