Познати и кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово

402

Синоќа на централниот комитете на партијата ВМРО-ДПМНЕ, кој се одржа во Скопје, беа утврдени кандидатските листи за пратеници за претстојните парламентарини избори што ке се одржат на 12 април годинава.

На централниот комитет за изборната единица бр.2 во која што се наоѓа и градот Куманово од редовите на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово, на листата за пратеници се предложени кандидатите: Бране Петрушевски реден број 3, Кети Димковска реден број 10 и Тихомир Алексовски под реден број 20.

Што се однесува, пак, до носителот на листата во ИЕ 2 од партијата ВМРО-ДПМНЕ, тоа ќе биде актуелниот потпретседател на партијата Владо Мисајловски, а конечните листи за сите пратеници од сите изборни единици од партијата ке бидат официјализирани денеска на конгресот на партијата.

Т.Д.