Поенти референдум 2018: Светот ја поддржува Македонија

310

Македонија добива поддршка, помош и подадена рака од двата најголеми и најсилни сојузи во светот, НАТО и ЕУ. Светот ја препозна промената и ни даде шанса како никогаш досега. Со договорот се отворија вратите за нашето полноправно членство во НАТО и за почеток на преговорите за членство во ЕУ, беше истакнато на вчерашните настапи на владините претставници, пред се, министрите. 

Земјите членки на двата најголеми сојузи, како што посочуваат, сакаат да ја видат Македонија рамноправна, со право на глас во семејството на западните демократски држави.

 

Со зачленувањето во овие сојузи стануваме дел од семејствата кои ја гарантираат нашата стабилна и сигурна иднина.

НАТО и ЕУ се семејства на здружени партнери со кои ја гарантираме иднината на нашите деца.

Оваа поддршка, како што велат поддржувачите на реформите, е признаена за нашата посветена работа, повеќе од две децении.

Македонија, како што посочуваат, е подготвена да даде позитивен пример во регионот и светот тоа го цени. 

Заедно, велат тие, работиме за Република Македонија да стане ѕвездата на Балканот, да биде нова голема надеж за регионот и Европа.

Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, не смееме ниту во еден момент да ја пропуштиме оваа историска шанса, не смееме да дозволиме да не бидеме дел од овие историски процеси.

– Како граѓани на Република Македонија, без разлика на која партија и на која нација припаѓаме, без разлика во што веруваме, да не пропуштиме прилика да бидеме генерација која што ќе ја воведе Македонија во НАТО и Европската унија, порача вчера Спасовски на средба со граѓаните на скопската општина Бутел.

Доаѓањето на европските лидери во посета на земјава, вели Спасовски, е уште една потврда и признание за посветената работа, дека Македонија постигна напредок во реформите и оти покажа дека сака да оди напред, а светот ги отвора вратите за Македонија.

еу и македонија

Поддршката е директна од светските лидери. Оваа недела во директна поддршка на развојот на Македонија доаѓаат генералниот секретар на НАТО Столтенберг, канцеларот на Австрија Курц и канцеларката на Германија, Меркел.

– Светот ја поддржува Македонија и тоа овие денови станува многу јасно и видливо. Во една година првпат ни се случува генерален секртетар на НАТО да ја посети нашата земја која се уште не е членка на Алијансата. Во само два дена ќе ги имаме канцеларите на Австрија и Германија во посета на Македонија. Тоа покажува дека светот навистина го цени тоа што се случува во Република Македонија и дава силна поддршка на нашите две стратешки цели членство во ЕУ и НАТО, истакна вчера министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Радмила Шекеринска

Според неа, светот дава поддршка само доколку се знае што се сака, а тоа, како што рече, Македонија во изминатава година покажа дека не ја бараме нивната поддршка само со зборови ниту без резултати.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров од Крива Паланка порача дека ако сме одговорни треба Македонија да ја направиме европска и да има работа и во нашите граници, во нашите градови и села.

– Тоа е изборот што треба да го направиме на 30 септември, да се издигнеме и да расправаме кој е поефикасен, почесен, кој има покреативни визии, она што навистина им треба на граѓаните. Да не расправаме за ова, бидејќи не знам кога и дали ќе има друг воз, а од сите нас зависи иднината на Македонија и иднината на нашите граѓани, додаде Димитров. 

Премиерот Зоран Заев е убеден оти заедно на 30 септември ќе донесеме правилна одлука со која ќе ја обезбедиме иднината на европска Македонија и ќе му порачаме на светот кој силно не поддржува дека сме цврсто определени за интеграција со ЕУ и НАТО.

Странските лидери за Македонија велат дека се врати на вистинскиот пат, дека забележале лидерство и храброст кај оваа генерација граѓани на Македонија.

Македонија постигна напредок во реформите и покажа дека сака да оди напред, светот ги отвора вратите. Сакаме да успеете.

Заев

Гледаме позитивна промена и обновено чувство на оптимизам, отвореност, енергија и надеж. Ве чекаме во НАТО и ЕУ.

Македонија доби поддршка и од Данска во евроатлантските интеграции.

– Земјата е важна и во регионална смисла, поради постигнатиот брз видлив напредок, после политичката криза, порача на вчерашата средба со премиерот Зоран Заев данскиот амбасадор акредитиран за Република Македонија.