Фото: Маја Јаневска-Илиева / Архива

ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање за изгласување на доверба на Владата, откако во Собранието денеска не беше доставена оставката на Зоран Заев од премиерската функција.

Иницијативата е поднесена од страна на 61 пратеник, како што изјави пратеникот Александар Николовски, односно од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за обнова на Македонија, Алијанса за Албанците и Алтернатива, БЕСА и од Левица.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претходно му постави рок на Заев за поднесување на оставката до денес во 14.30 часот, но откако тоа не се случи, беше поднесена интерпелацијата.

Мицкоски претходно објави дека формирал ново парламентарно мнозинство заедно со Алијанса за Албанците, Алтернатива, БЕСА и со Левица.