Пендаровски ќе ги соочи македонските аргументи со француското вето

541
Претседателот Стево Пендаровски (десно) денеска ќе се сретне со Емануел Макрон

Претседателот Стево Пендаровски ќе има можност директно од неговиот француски колега Емануел Макрон да ги слушне ставовите на Франција за проширувањето и за новата методологија на преговарање, на нивната денешна средба во Париз.

Македонскиот претседател претходно изјави дека средбата претставува добра можност да се изложат аргументите на двете страни, односно да се слушнат мотивите на Макрон, истакнувајќи дека Македонија нема никаква резерва спрема најавената нова методологија.

Пендаровски очекува во наредниот период Македонија да добие посилен сигнал во врска со прашањето дали може да се влијае врз исходот од последниот европски самит, односно, пред сè врз Франција која се спротистави на почеток на пристапните преговори со Македонија и со Албанија.

Макрон досега во повеќе наврати истакна дека инсистира на претходни внатрешни реформи во ЕУ и промена на методологијата за прием на нови земји членки.